18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Мариупол е на работ на хуманитарна катастрофа, вели градоначалникот 

Опколениот украински град Мариупол е „на работ на хуманитарна катастрофа“, со над 100.000 луѓе кои сè уште бараат евакуација, рече градоначалникот Вадим Бојченко на телевизиски брифинг со новинарите.

„Ситуацијата во Мариупол останува многу тешка“, рече тој. „Ние сме на работ на хуманитарна катастрофа – нема светлост, нема вода, нема храна, нема лекови повеќе од еден месец. Затоа, ние инсистираме дека Мариупол мора да добие целосна евакуација. Но, гледаме дека денес Руската Федерација ја блокира сета хуманитарна помош што се движи во правец на Мариупол. И ниеден контингент не стигна до Мариупол“.

Бојченко рече дека во градот се уште не стигнале автобуси за евакуација, и покрај договорите меѓу Русија и Украина за отворање коридори за евакуација. Некои жители, рече тој, успеале да стигнат до блискиот град Бердианск, кој е под контрола на Русија со приватни автомобили, но додаде дека рутата била „многу тешка и ризична“.

Околу 90.000 луѓе успеале да се евакуираат долж коридорот меѓу Бердијанск и градот Запорожје, кој е под контрола на украинската влада, рече тој, но додаде дека повеќе од 100.000 луѓе сè уште се заробени во Мариупол.

„Денес во Мариупол има повеќе од 100.000 луѓе, кои планираме, но не можеме да ги евакуираме. Затоа бараме од меѓународната заедница денеска да се обедини за целосна евакуација на жителите на Мариупол“, рече Бојченко, пренесе Си-Ен-Ен.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles