21 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати

Македонија има  задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Информираше владата преку соопштение.

Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката.

Воедно апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини.

Дополнително, владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени затоа што државата има доволна количина на житарици во стоковите резерви.

Утрово во гостување на Утрински Брифинг премиерот Димитар Ковачевски напомена граѓаните да не подлегнуват на шпекулации. Тој рече дека Македонија нема никаква криза со бензин, бидејќи ние со нафтени деривати претежно се снабдуваме од Грција.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles