18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Лекови за притисок, шеќер, тироида, астма и белодробни болести од денес дава матичен лекар, не мора да се оди кај специјалист

МАКЕДОНИЈА

Лекови за притисок, шеќер, тироида, астма и белодробни болести од денес дава матичен лекар, не мора да се оди кај специјалист

Објавено пред 17 минути 

 – 24 август, 2023

Од Маја Илиевска-Пачемска

Почна да функционира првата од низата најавени реформи во примарното здравство со која матичните лекари можат да припишуваат лекови за регулирање на притисок и шеќер во крвта, за проблеми со тироидната жлезда, за белодробни болести и астма за кои досега пациентите мораа да одат на специјалист. Министерот за здравство Фатмир Меџити од ординација во скопски Сарај, покажа дека системот со припишување на рецепти веќе функционира.

„Од утрово функционира системот и тоа не само на хартија. Функционира во најдобар ред за петте дијагнози кои доктор Злате Мехемдовиќ ги претстави во понеделникот. Тоа се дијабетес, хипертензија, астма, хобб, хипотиреодизам. Со ова ќе се растерети метежот во Клинички центар и ќе им дозволиме на професионалците во секундарно, а посебно во терциерното здравство да се посветат на својата работа и веќе да си направиме и наука. Целта ни е нашиот Медицински факултет да биде рангиран на шангајската листа на некое повисоко ниво“, рече министерот Меџити.

Доктор Мехмедовиќ, кој е координатор на проектот за реформи во примарното здравство најави дека најдоцна за еден месец матичните лекари ќе можат да ги даваат и упатите за лабораториски анализи за кои досега пациентите мораа да одат на специјалист, а ќе се разговара и за закажување кај матичен преку „Мој термин“.

„Ова е процес кој ќе трае три години. Ништо нема да се случи преку ноќ и за се е разгиварано со матичните лекари. Гледате дека почетокот оди етапно, не ги дадовме сите реформи да се аплицираат уште од првиот ден кога ги најавивме на брифингот. Оставивме простор да се развие дискусија. Денес почнуваат да се припишуваат рецептите, за кратко време ќе почнат да се даваат упатите, тоа ќе биде најмногу за еден месец. Една од работите за кои ќе се разговара до крајот на годината е можноста за закажување преку ‘Мој термин’. Ќе се разговара и за нови протоколи за проширување на лепезата на лекови и за нови лекови на позитивната листа“, рече Мехмедовиќ.

Протоколите за лекување кои треба да ги следат матичните лекари се веќе објавени во Службен весник. Министерот Меџити извести дека нивните досегашни анализи покажале дека околу 30 отсто од пациентите кои доаѓаат во Клинички центар, доаѓаат за продолжување на терапија или услуги кои со оваа реформа ќе можат да ги добијат кај матичните лекари

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles