-2 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

Лекарите очекуваат пик на Омикрон на почетокот на февруари, ќе се одложи ли второто полугодие?

Почетокот на февруари најверојатно ќе биде пикот со најзаразната мутација на Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е во постојан пораст а бранот со омикрон може да трае и осум недели, прогнозира доктор Злате Мехмедовиќ. Според него, актуелната епидемиолошка состојба и стапката на реинфекции покажува дека она што многумина го предвидувале сега е реалност – и вакцинирани и прележани не се поштедени од доминантниот сој, но вакцините се ефикасни од спречување на смртен исход.

– Се очекува пикот на почетокот од следниот месец со што би требало бројките да почнат да се намалуваат и да се намали и притисокот врз здравствениот систем пред се мислам на примарната здравствена заштита кај кои е најголемиот товар овој период, вели др. Злате Мехмедовиќ.

Во очекување на пикот на омикрон, доктор Мехмедовиќ со став дека децата во четврток не треба да се вратат во училниците. Вели не треба да се ризикува со учениците и наставата за почеток да биде онлајн. Тоа мислење го делат и други негови колеги, иако има и такви според кои нема потреба од пролонгирање на распустот.

– Мојата препорака е децата да бидат изолирани овој период бидејќи омикрон е лесно пренослив и тие можат да бидат преносители и да има влошување на епидемиолошката состојба. Не треба децата да се вратат во училиште особено што се уште не знаеме кои се долгорочните последици од ковидот и новите мутации кои произлегоа, особено актуелниот омикрон. Затоа наставата мислам дека треба да почне онлајн, вели Мехмедовиќ.

За стартот на второто полугодие, во понеделник или вторник ќе расправаат и членовите на Комисијата за заразни болести. Освен за учениците ќе одлучуваат и дали да има кратење на изолацијата кај заразени која во многу земји е намалена на 5 или 7 дена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles