6 C
Struga
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Конгресот на САД одобри 12,3 милијарди долари воена помош за Украина

Американскиот Конгрес денеска одобри помош од 12,3 милијарди долари наменети за Украина за да се бори против руската инвазија.

Пакетот вклучува три милијарди долари за оружје, набавки и плати за украинската војска и го овластува претседателот Џо Бајден да му наложи на Пентагон да пренесе 3,7 милијарди долари за оружје и друга техника во Украина.

Таканаречената „континуирана резолуција“ — усвоена со 230 гласови „за“ и 201 „против“, при што 10 републиканци им се приклучија на демократите — исто така обезбедува 4,5 милијарди долари за Киев за да ги одржи финансиите на земјата стабилни и да ја одржи владата во функција.

Со тоа, американскиот придонес за Украина во нејзините воените напори во конфликтѕот со Русија досега се 65 милијарди долари.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles