16.3 C
Struga
Thursday, July 25, 2024
spot_img

Ковид 19, се враќа теренската вакцинација 

Караванот за подигање на свеста за вакцинација започна од општина Шкуто Оризари. За да ги поттикнат граѓаните, шаторот е сместен на најфреквентната точка во околината. Дури ги стимулираа и со подароци. Интересот беше мал од ромската заедница. Но,  дел од нив кои се без никакви документи немаат право на вакцинација.

„Пунктот за вакцинација овде во Штука се наоѓа токму на влезот на пазарот и освен несоодветните хигиенски услови, на граѓаните од овој крај им се појави уште еден проблем. Граѓаните кои немаат докумнети и не можат да се вакцинираат, и во општина Шуто Оризари најмалку 200 граѓани се без никакви документи”, изјави новинарот на Алсат,  Аднан Ќаили

Од Здружението на Роми велат дека од 700 лица кои се фантоми од цела држава четвтртина се во Шутка  – тие немаат матичен број и системот „Мој термин“ не може да ги идентификува за да се имунизираат.

Министерот Беким Сали при посета на пунктот рече дека оваа кампања трае 14 дена на 14 различни локации.

„Кризата со ковид се уште не е надмината и ги повикуваме сите граѓани да дојдат на пунктовите за вакцинација, да продолжи имунизацијата и на пунктовите кои сега постојат во здравствените домови на главниот град”, изјави Беким Сали, министер за здравство

Додека Министерството започна нова кампања за вакцинација, Комисијата за заразни болести ги укинува мерките. Во трговските центри повеќе не се бараат сертификат за вакцинација, а во текот на неделата се очекува да бидат укинати и за отворените угостители.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles