29 C
Struga
Wednesday, July 17, 2024
spot_img

Ковачевски – Трудо: Северна Македонија може секогаш да смета на Канада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо. На разговорот присуствуваше и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Премиерот Ковачевски изрази задоволство што токму денес во посета на нашата земја е министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, што говори за активниот и континуиран дијалог меѓу нашите две земји по важни теми од интерес на двете земји, на Европа и пошироко.  

На разговорот беа опфатени неколку теми во насока на натамошно продлабочување на билатералните односи, како и соработката во рамките на НАТО и мултилатералната сцена.

Премиерот Ковачевски нагласи дека долгорочен интерес на Северна Македонија е севкупно развивање на односите и соработката со Канада, која од самите почетоци на нашата независност манифестира активна поддршка на реформските, европското и евро-атлантското интегрирање на земјата.

Од двете страни беше нагласена важноста од продолжување на започнатиот процес на интегрирање на Северна Македонија во ЕУ, кој нуди сигурен, предвидлив и безбеден пат за нејзиниот просперитет и напредок како дел од европското семејство на народи.

Канадскиот премиер Трудо изрази задоволство од одличната соработка на двете држави во НАТО, посебно од учеството на македонски војници во борбената група за зајакнато истурено присуство во Латвија, која е под канадска команда. Притоа, Трудо истакна дека оваа група овозможува значајна соработка меѓу сојузниците од различни земји во зајакнување на трансатлантската одбрана и безбедност, а македонските војници, како дел од истата, се високопочитувани од страна на канадските колеги.  
„Нашата соработка е силна во НАТО, во ЕУ и во Украина, и знам дека народот на Сереверна Македонија разбира дека иднината на земјата е светла како дел од напредните европски демократии“, истакна премиерот Трудо, нагласувајќи дека „Северна Македонија може секогаш да смета на Канада“.    

Премиерот Ковачевски се осврна и на важноста на македонската заедница во Канада и нејзиниот значаен придонес во канадското општество.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles