19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Ковачевски-Петков: Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на вонредниот Самит на НАТО Брисел се сретнал со бугарскиот колегата Кирил Петков.

Двајцата премиери, како што напиша Ковачевски на Фејсбук, взаемно изразиле задоволство од динамиката на билатералната соработка меѓу Македонија и Бугарија преку работните групи кои се остваруваат во тековниот период, како и од потпишаните договори и меморандуми за соработка во повеќе области од заеднички интерес.

-Оценивме дека правиме сериозни чекори напред и со целосното усогласување на надворешната и безбедносната политика на Македонија со политиките на ЕУ со што ги продлабочуваме односите меѓу двете држави и го подигаме нивото на политички дијалог. Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката меѓу двете земји со што се забрзува процесот на европска интеграција на Македонија, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles