26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Ковачевски: Пензиите ќе се зголемат според „Швајцарски модел“ 

Владата ги прифати предлозите за новата методологија за пресметување на пензиите .

Владата и претставници на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансика помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни.

-Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување на нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршување на средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на било која власт.

Финскаиската поддршка за пензионерите, појасни Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизикана и од КОВИД-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

Првата средба за утврдување на новата медодологија беше одржана во февруари.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles