14 C
Struga
Saturday, May 25, 2024
spot_img

Ковачевски – Нефју: Продолжува поддршката од стратешкото партнерство со САД во градење ефикасен систем за борба против корупција

Актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Димитар Ковачевски и Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент. 

На средбата, информираат од владината прес-служба, говорниците заеднички констатираа дека напорите кои се вложуваат во борбата со корупција се основната алатка за градење на довербата на граѓаните во институциите. Во таа насока од клучно значење е градењето на капацитетите во областа на владеењето на правото и правната држава.

-Премиерот Ковачевски се заблагодари на целокупната поддршка и соработка која благодарение на блиското стратешко партнерство со САД, се реализира во Северна Македонија. Поддршката е круцијална во воспоставувањето на ефикасен систем за елиминирање на конфликтот на интереси, како и за превенција на корупција, посочија од Владата. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles