„Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори“, напиша на својот фејсбук профил премиерот Ковачевски како одговор на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски. Ковачевски пишува дека потребно е одговорно делување на сите политички партии и дека Владата навремено ја менаџира кризата „Што се однесува до заканите за некаква радикализација, му порачувам уште еднаш дека како што не прифаќам уцени, уште помалку реагирам на закани. Деструктивноста е одлика и заштитен знак на Мицкоски и неговата партија, но тоа граѓаните го гледаат и препознаваат“, напиша Ковачевски.