Премиерот Димитар Ковачевски вели дека нема опасност од губење на мнозинството во Парламентот, откако изминативе денови почнаа внатрепартиски превирања помеѓу дел од пратениците на ДУИ.
На новинарското прашање – дали има опасност од губење на мнозинството бидејќи дел од пратениците на ДУИ најавуваат отцепување од пратеничката група, Ковачевски кратко одговори:
„Нема опасност од губење на мнозинството во Парламентот“.