16 C
Struga
Tuesday, May 21, 2024
spot_img

Ковачевски: На сите институции во државата е да ја унапредат борбата против корупцијата

Сите извештаи за корупцијата во земјава, меѓу кои и последниот Извештај на Стејт департментот, децидно во одредени области го потенцираат напредок и ги истакнуваат области во кои што државата треба да работи. На сите институции во државата останува да го унапредат работењето во борбата со корупцијата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Многу внимателно го читав и Извештајот на Стејт департментот и секогаш ги читам овие извештаи без разлика на која позиција сум, децидно во одредени области се потенцира напредок и се истакнуваат области на коишто државата треба да работи. Тоа можам да го поврзам и со она што го кажаа вчера и претседателот и шефот на Европската делегација во државата, амбасадорот Гир, којшто кажа дека на сите институции во државата е да го унапредат работењето, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на презентацијата на новата кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација за компаниите.

Ковачевски истакна дека Парламентот, којшто треба да ги усвои реформските закони во делот на правосудството и владеењето на правото, не треба да бидат блокирани со месеци од страна на опозицијата.

Според него, на тоа поле треба да работат и правосудните органи, кои треба да го унапредат своето работење и својата транспарентност, н и Владата преку институциите мора да го унапредува владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

– Сите овие институции кога ќе го унапредат своето работење до ниво на поединец тогаш ќе видите како извештаите ќе покажуваат подобри резултати за Северна Македонија, додаде Ковачевски.

Како што потенцира премиерот Ковачевски, има уште еден процес, а тој процес е скринингот којшто се одвива со ЕУ, којшто на крајот завршува со извештај за сето она што е увидено како недостиг во институциите, во процесите, во законите, во спроведувањето на законите во државата и што е она што ние треба да го направиме за да ги исполниме критериумите да станеме општество кое што е на ниво на државите во ЕУ.

– И јас затоа велам дека процесот на интеграција во ЕУ не е процес сам за себе, не е процес на поединец, не е процес на една политичка партија, не е процес на една влада, туку тоа е процес на целото општество. И сите оние коишто го претставуваат нашето општество, а општеството и граѓаните се претставени во Собранието преку пратениците, сите треба да го поддржат тој процес, бидејќи процесот на европска интеграција е унапредување на се она за што вие поставувате секојдневно прашања, она за што политичарите поставуваат прашања и она за што граѓаните поставуваат прашања, рече Ковачевски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles