18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Ковачевски на прес-конференцијата со Ескобар: Пораката од САД е јасна, по членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ, тоа е нашата иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по средбата со заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, имаше и заедничка прес-конференција со високиот американски претставник, кој е во посета на нашата држава.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски на прес-конференцијата.

„Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Почитуван Габриел,

Прво сакам да одговорам на едно прашање кое беше отворено во текот на изминатите два дена од страна на опозицијата и ќе го цитирам, беше кажано дека Владата коленичи за да дојдат странски дипломати за да вршеле притисок како дел од светски заговор и дел од супер непријатели против дел од македонскиот политички спектар, со цел да се обезбедело гласање. Тоа не е точно, бидејќи во Северна Македонија денес е присутен висок претставник на најпријателската држава на Северна Македонија – САД, тој е во Северна Македонија како дел од неговите редовни посети во регионот бидејќи високиот претставник Ескобар е висок претставник за Европа и специјален претставник за Западен Балкан. Тоа не е негова прва посета ниту пак ќе биде последна посета. И во име на тоа пријателство е и оваа денешна средба на која што разговараме токму за работите кои ги имаме заедно постигнато во текот на изминатите години и што е она пред нас што можеме да направиме заедно.

Да не заборавиме ние сме земја членка на НАТО која е исклучително високо ценета во НАТО Алијансата со оглед на помошта која што ја обезбедивме на Украина во нивната борба за слободна држава, самоопределување и одлучување на граѓаните на Украина така како што тие сакаат, а не како што некој друг сака. Потоа во делот на проширувањето на НАТО и се разбира во делот на нашите евроинтеграции и реформите кои што ги правиме за што имаме голема поддршка од САД од првиот ден на нашата независност.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles