17 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Ковачевски – Ердоган: Македонија и Турција продолжуваат со одличната билатерална соработка

Македонија и Турција продолжуваат со одличната билатерална и економска соработка – ова е заклучокот од средбата на македонскиот премиер Ковачевски со турскиот претседател Ердоган.


Пораки за одлична билатерална и економска соработка која продолжува, испратија од Истанбул македонскиот премиер Ковачевски и турскиот претседател Ердоган по заедничката средба. Како што соопштија од владината прес-служба на средбата заеднички биле констатирани традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Премиерот Ковачевски го изрази задоволството од споделувањето исти цели за безбедноста и стабилноста во регионот, а била потврдена и исклучително добрата соработката меѓу Министерствата за одбрана, велат од Владата.

Трговската размена меѓу двете земји е во постојан пораст, а според вкупните инвестиции од Турција во нашата земја таа е во редот на првите пет земји по вкупниот прилив на странски инвестиции.

„На средбата беше потенцирано дека очекувањата се годинешната трговска размена од 900 милиони долари, да достигне една милијарда долари и да обезбеди продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Премиерот Ковачевски му се заблагодари на претседателот Ердоган за поддршката во процесот на пристапувањето на Македонија во НАТО, која од аспект на актуелната геополитичка ситуација со руската воена агресија во Украина се покажа како драгоцена придобивка за сигурноста и безбедноста на земјата и на регионот“, се вели во владиното соопштение.

Премиерот Ковачевски му упатил покана на претседателот Ердоган да ја посети Македонија, како продолжение на сите други посети на високо ниво и за охрабрување на многубројните проекти за дополнително унапредување на односите меѓу Македонија и Турција.

На средбата како што соопштија од прес-службата на Владата, присуствувале и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Владината делегација беше во Истанбул по повод вчерашното заедничкото сослужување на архиепископот Стефан и патријархот Вартоломеј.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles