17 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Ковачевски – Едштадлер: Поддршка од Австрија за евроинтеграциските аспирации на Сeверна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на неговата работна посета на Република Грција, по повод учеството на Економскиот форум Делфи, оствари средба со австриска министерка за европски прашања, Каролин Едштадлер.

Премиерот Ковачевски и австриската министерка за Европа Едштадлер го изразиле взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји која се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

„Австрија е еден од најголемите инвеститори во земјата со преку 45 компании присутни на пазарот во нашата земја“, потенцираше на средбата премиерот Ковачевски, и додаде дека оптимистички делува и најавениот интерес на австриските компании да вложуваат во секторите енергија, градежништво, банкарство и осигурување.

Премиерот Ковачевски и министерката Едштадлер разговарале и за можностите дополнително да се поттикне економската соработка меѓу двете земји за што потенцијал се гледа и во постојаниот раст на трговската размена која минатата година достигна 200 милиони евра со што е забележан раст во однос на 2020 година кога трговската размена оствари вредност од 176 милиони евра.

Во однос на заедничкиот интерес за прашањата за интеграцискиот процес на Северна Македонија, премиерот Ковачевски на средбата истакна дека сега е совршениот тајминг за итно забрзување на процесот за отворање на пристапните преговори за Северна Македонија, затоа што на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да се гледа од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа.

Северна Македонија, нагласил премиерот Ковачевски, постигнала 100 отсто усогласеност со надворешната политика на ЕУ, и како кредибилен партнер ги споделува истите вредности на слободниот и демократски свет.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles