25 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Ковачевски: Антикризните мерки даваат резултати, компаниите да ги користат

Владата останува на својот курс преку мерки и политика да се помага и штити стандардот на граѓаните во време кога цените на храната, енергијата и енегренсите растат заради воената криза.

При посетата на Витаминка од Прилеп премиерот Ковачевски изјави дека досегашните мерки придонесуваат да имаме нај евтино гориво во регионот а даваат резултати и мерките за замрзнување на маржите, укинување на ддв за дел од основните прехранбени продукти, зголемувањата на платите и пензиите како и мерките за парична помош на загрозените семејства.

Министерот за економија изјави дека се прават детални анализи кои ќе се презентираат утре на влада за тоа какви се ефектите до досегашните мерки за да се види дали има потреба од носење на нови мерки кои би биле во насока на укинување на царини за суровини, репроматеријали или готови производи ако продолжи војната во Украина за да се ублежува ценовниот шок.

Од Витамикна која држи 40% од пазарот со масло за јадење изјавија дека имаа доволно количини и договори за набавка на потребна суровина за производство во следниот период.

И додека во балканските земји на големо граѓаните се во трка за снабдување со масло за јадење а тамошните маркети имаат ограничувања за купување на само неколку литри во домашните маркети снабденоста е задоволителна а цената е стабилна на околу 100 тина денари за литро. Со најновите мерки државата го укина ддвто за маслото за јадење, маркетите се задолжени да го продаваат без маржа по набавна цена а производните компании мора да докажат колку нив им е производна цена и на таа да се држат за да нема ценовен шок на овој многу важен прехранбен производ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles