6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

И Швајцарија пред укинување на потврдите за ковид

Швајцарскиот министер за здравство Ален Берсет навести дека потврдите за ковид во неговата држава наскоро би можеле да бидат укинати бидејќи одговорот на јавниот здравствен систем на пандемијата на коронавирус се чини дека е „на вистинскиот пат“.

Документот, кој, како и во поголемиот дел од остатокот од Европа, покажува дали некое лице е вакцинирано, заразено или има негативен тест за коронавирус, беше воведен во Швајцарија во јули минатата година, а поседувањето е услов за влез на голем број јавни места и настани.. Но, Берсет оценува  дека можеби е дојдено време да се стави надвор од сила целиот систем за потврда на КОВИД, за кој Швајцарците гласаа на референдум.

– Се чини дека времето на употреба на Ковид е при крај, пренесува РТ.

Тој додаде дека му се чини дека државата е „на вистинскиот пат“, но предупреди и дека „вирусот во неколку наврати се покажал како непредвидлив“.

Минатата година во неколку швајцарски градови се одржаа протести поради воведувањето на контроверзни сертификати и други ограничувања за коронавирусот, а откако противниците на заклучувањето собраа речиси 200.000 потписи, во декември се одржа референдум на кој повеќето граѓани ги поддржаа ограничувањата за епидемијата, вклучително и сертификатите.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles