23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

ИЈЗ: Највисока неделна инциденца регистрирана во Кавадарци

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 07 до 13 февруару регистрирани сe 8.638 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела (n=9.977).

Процентот на позитивност се движи од 27,2% до 37,4%, просечно 32,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=4.838; 56,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 837,8,1/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.052, 23,8%) и 40-49г (n=1.629, 18,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=434; 5,0%). Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај возрасните групи над 20 години, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29г. Во однос на претходната недела, се забележува зголемување кај возрасните групи од 0-9г и од 10-19г, за 39,5% и 47,6%, соодветно.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.711 (54,5%) лица од женски и 3.927 (45,5%) од машки пол.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 9.900 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.236 реинфекции (од кои 6 се втори реинфекции), со намалување за 7,8% во однос на претходната недела.

Пријавени се 124 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 32,6% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (49).

Во однос на возраста, најголем број (n=121; 97,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (3).

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles