6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

Инфекцијата со Омикрон не значи по автоматизам и лесен тек на болеста, предупредуваат докторите

Вклучените сирени на Брза помош повторно на кратки интервали се слушаат пред Инфективната киника. Се пополнува речиси секој празен кревет што остана во главниот болнички капацитет во Ковид-кризата. Македонија се наоѓа среде нов бран на зараза заради варијантата Омикрон и бројките нагло растат. Па така секој нов пациент сместен во болницата значи дека капацитетот веќе е исполнет, а со исписи на пациенти се задоволуваат дневните потреби и се ослободува уште некое место. Во амбулантата на прегледи доаѓаат и над сто пациенти дневно и има и такви коишто се реинфицирани информира доктор Стевановиќ и предупредува дека инфекцијата со Омикрон не значи по автоматизам лесен тек на болеста.

Институтот за јавно здравје во последниот редовен неделен извештај информираше за огромен пораст на смртноста во Македонија. Само во неделата од 17 до 23 јануари починати биле 97 пациенти. Постојано во јавноста лебдат прашањата зошто смртноста расте наместо да се намалува, а докторите тоа го припишуваат на сплет од други фактори.

Факт е дека вакцинираните пациенти полесно го пребродуваат периодот на изолација и оздравуваат од самата болест, смета доктор Стевановиќ. Иако тоа не е правило кај секој пациент поединчно, но тоа се должи и на тежината на другите хронични болести кај нив и влошувањето на истите предизвикано од Ковид.

Сликата пред вакциналните пунктови е сосема различна од тоа што беше до пред некое време. Ако тогаш луѓето во редици чекаа да се вакцинираат, сега на прсти од една рака се бројат оние коишто се пред пунктот за вакцинација.

Во меѓувреме, според извештаите на здравствените власти, на инфективните одделенија и Ковид-центрите во државата се хоспитализирани над петстотини пациенти, а има околу двесте слободни места. Комисијата за заразни болести денес им препорача на Клиниките кои претходно работеа како Ковид-центри – Кожно и Неврологија, следните денови да продолжат да бидат капацитет за хоспитализација на болни од Корона, а ќе се отвори и дополнително одделение во ГОБ „8 Септември”.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles