15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Зеленски подготвен за разговори со Русија 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази подготвеност да разговора со Русија, за сите прашања, НАТО, Крим, како и за двата источни региони Луганск и Доњецк, кои прогласија независност од Киев.

Во интервју за американската телевизија „Еј-би-си ворлд њуз“, Зеленски зборуваше за НАТО, кој според него не само што не е подготвен да ја прифати Украина како негов дел, туку и за недостигот на поддршка во конфронтацијата со руската окупација.

„Што се однесува до НАТО, јас одамна изгубив интерес за ова прашање бидејќи сфатив дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата стравува од контрадикторни работи и од конфронтација со Руската Федерација. Украина нема за што да се моли и да му се поклони на НАТО“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

 Запрашан за можноста за признавање на Крим и самопрогласените републики Донбас, Зеленски одговори дека постои можност властите во Киев да разговараат и да најдат компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму.

„Можеме да размислиме и да најдеме компромис за тоа како ќе постојат окупираните територии и тие републики. Она што ми е важно е како ќе живеат таму луѓето кои сакаат да бидат дел од Украина“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина

 Зеленски рече дека Украина не е „подготвена за ултиматуми“, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „треба да почне да разговара, да започне дијалог за да се стави крај на војната“, истовремено велејќи дека нема да капитулира пред Москва бидејќи тој е легитимен новоизбран претседател од Украинскиот народ.

Кремљ вчера соопшти дека е подготвен да ја прекине воената операција доколку Киев ја признае независноста на самопрогласените „Народна Република Доњецк“ и „Народна Република Луганска“ и се согласи да го измени уставот со измена на неутралниот статус на Украина или никогаш да не биде земја членка на НАТО. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles