11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Здравство убедено дека капацитетите за омикрон бранот се доволни

Капацитетите во новоотворените Ковид центри на клиниките за кожни болести и на Неврологија не се целосно пополнети и за сега нема да се отвораат нови, велат од Министерството за здравство. И покрај рекордните бројки на новозаболине во последниве 2 седмици, од Здравство смируваат дека пандемијата полека се намалува , но препорачуваат граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат.

И покрај рекордниот број новозаболени од Ковид -19 , чии бројки во последниве две седмици достигнуваат до 2000 на ден, Министерството за здравство за сега не планира да отвори нови Ковид центри , откако веќе отвори два, на Клиниката за кожни болести и на Неврологија.

Од Здравство велат дека не се целосно пополнети двата новоотворени Ковид центри.

-Согласно дневните извештаи, во ковид центрите на Клиниката за кожни болести и на Клиниката за неврологија има слободни болнички легла за пациенти кај кои е неопходна хоспитализација Капацитетите не се целосно пополнети. Имаме подготвено план и следејќи ги потребите од хоспитализација ќе се преземаат наредните чекори, поточно веднаш ќе се реагира доколку потребите тоа го налагаат, соопштија од министерството.

Од МЗ се повикуваат на податоци од Институтот за јавно здравје, според кои пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и има постепено намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани. Тие повикуваат граѓаните да се вакцинираат.

– Во моментов не се предвидени нови рестриктивни мерки, но апелираме граѓаните да бидат претпазливи, да ги почитуваат постојните превентивни мерки и да се имунизираат, со цел да го заштитат своето здравје, потенцираат од МЗ.

Согласно податоците од инфективните одделенија и Ковид центрите, во моментот има вкупно 616 хоспитализирани пациенти во државата, од кои во Скопје – 199, додека во центрите низ државата 417 лица.

Инфицирани пациенти со Ковид -19 се примаат и во новоотвореното одделение во болницата „ 8 Септември“, а со порастот на новозаболени повторно беше отворена и модуларната болница во Гевгелија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles