4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

За една недела над 17.000 лица излечени од КОВИД 

Во последните два дена над 14.400 излекувани од КОВИД 19 на национално ниво. Толку високи бројки никогаш немало за време на пандемијата.

Просечниот број на излекувани на дневна основа е 480. Извештаите од Институтот за јавно здравје покажуваат дека во последната недела вкупно како излечени биле евидентирани над 17.600 пациенти.

Институт за јавно здравје:

вторник 7.170 излечени
понеделник 7.273 излечени
сабота 553 излечени
петок 747 излечени
четврток 1.420 излечени
среда 486 излечени

Од Комисијата за заразни болести велат дека драстичното поместување на овие бројки не ја менува епидемиолошката состојба во земјава. Според новиот шеф на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, излекувањето на овие пациенти се докажува според новата методологија на лекување од 10 до 7 дена, односно од 20 до 10 дена за пациенти со изразени симптоми на омикрон.

“Иако омикрон многу повеќе се шири од другите мутации, не предизвикува тешка клиничка слика, па врз основа на тоа, инфектолозите предвидуваат дека се гледа крај на пандемијата. Светската здравствена организација соопшти дека акутната фаза може да заврши оваа година, а потоа корона вирусот ќе стане како сезонски грип за што редовно ќе има вакцинација”, вели Александар Петличковски, Претседател на КЗБ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles