4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

За една недела бројот на заболени со КОВИД се удвои

За една недела двојно се зголеми бројот на заболени од коронавирусот. Според извештајот на Министерството за здравство, дијагностицирани се 51 отсто повеќе случаи во однос на минатата недела. Во виролошката лабораторија на ИЈЗ, во втората недела од јануари биле анализирани вкупно 152 позитивни случаи на САРС-КоВ-2 и кај 104 од нив (68%) е откриена варијантата Омикрон.

„Во еднонеделниот период од 3 јануари до 9 јануари пријавени се 946 нови заразени, што е зголемување за 7 пати во однос на пред една недела. Најчести возрасни групи се 30-39 (27%), 20-29 (24%) и 40-49 (17%). Најмал број е забележан во возрасната група 0-9 (2%). Најголем пораст на заболени има кај возрасната група 20-29 години и кај возрасната група 30-39 години“, наведоа од Министерство за здравство.

Варијантата Омикрон е откриена во 12 града: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија и Кавадарци по двајца, Виница, Неготино, Битола по еден заразен. Според извештаите од болниците, во моментов има 351 хоспитализиран пациент, што е за околу 40% повеќе од минатата недела.

Оваа влошена епидемиолошка состојба ја стави земјава на листата на висок ризик за ширење на корона вирусот. Од задутре нашите граѓани за патување во Бугарија ќе треба да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, без разлика дали се вакцинирани или не.

„Бугарските власти ќе бараат негативен ПЦР тест за деца над 12 години и не постар од 72 часа, во спротивно доколку немаат таков документ ќе бидат подложени на 10-дневен карантин. Оваа мерка не се однесува на деца под 12 години“, наведоа од бугарската влада.

Од недела нашата земја повторно е високоризична и за Германија. Германската амбасада во Скопје ги ажурираше новите правила и почнувајќи од вчера сите пред патувањето мора да се пријават на влезниот портал на Сојузна Република Германија и да го имаат со себе сертификатот за контрола од превозникот или Федералната полиција. Дополнително, од сите патници се бара да одат директно до предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат во карантин 10 дена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles