28 C
Struga
Monday, August 8, 2022
spot_img

За време на празниците нема да има нови дополнителни мерки

Во земјава досега се регистрирани вкупно 222.333 ковид-дијагностицирани лица. Новата варијанта омикрон забрзано се шири како во светот, така и во соседството, иако кај нас уште не е регистриран ниту еден случај. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата, а за време на празниците не најавуваат нови дополнителни мерки.

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 269 случаи на Ковид-19, од направени 3.449 тестирања. Починаа 15 починати, а евидентирани се 353 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 222.333. Бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868. Вкупно има 5.174 активни случаи.

Во светот забрзано се шири новата варијанта на вирусот, омикрон. Вчера прв случај беше потврден и во соседна Србија, и тоа кај жена дојдена од Боцвана. Надлежните во Србија известија дека жената била негативна при влезот во земјата, била во изолација и земени и се контролни примероци од кои еден е позитивен. Оттаму повикаа дека засега нема причина за паника и дека се следи и контролира ситуацијата. Инаку, Србија е 64-та земја во која е регистриран новиот сој.

Според прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на вакцините против Ковид-19, но овој вид е помалку опасен од делта сојот.

И Албанија вчера ги потврди првите два случаи на омикрон. Во Албанија и понатаму остануваат во сила постојните антиковид мерки, меѓу нив и полицискиот час, кој е воведен во средината на ноември минатата година.

Во меѓувреме, Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19 – „Турковак“, откако доби дозвола за итна употреба од здравствените власти.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа вчера изјави дека домашно развиената турска вакцина против коронавирусот, „Турковак“, е одобрена за итна употреба.

Некои држави воведоа и нови мерки со цел заштита од пребрзо ширење на вирусот. Во Грција од денеска стапуваат на сила нови мерки.

Поточно, во Грција од денеска стапува во сила препораката туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето. Задолжителна маска и на отворено и на затворено, задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз, откажување на сите јавни собири за празниците и силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што стапуваат во сила во Грција.

Што се однесува до нашата земја, нови дополнителни рестриктивни мерки за време на новогодишните празници, не се најавуваат.

Неодамна министерот за здравство Венко Филипче изјави дека нема да има нови мерки, а исто така и дел од ковид центрите се затвораат, и целата интерна клиника се враќа во нормала.

Според Филипче, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, што, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде и пред Нова година.

Министерот смета дека кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и потоа сето тоа ќе спласне.

Според Филипче, не може да се предвиди дали некоја варијанта на вирусот ќе придонесе да се влоши епидемиолошката ситуација, но како што рече, акцент е ставен на вакцинацијата, оти според податоците од студиите, третата доза ја зголемува ефикасноста против најновиот сој омикрон.

Во однос на вакцинираните, министерот смета дека процентот е висок, но и дека интересот е спласнат.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles