20 C
Struga
Sunday, August 14, 2022
spot_img

Започна состанокот на работната група меѓу Бугарија и Северна Македонија

Во бугарското Министерство за регионален развој започна состанокот на работната група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето помеѓу Северна Македонија и Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Состанокот го отвори бугарскиот вицепремиер и министер за регионален развој Гроздан Караџов. Тој  на гостите им порача дека можат да сметаат на целосна соработка за развој на билатералните односи во вистинска насока и со уште поголема брзина.

Министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, пак, истакна дека Работната група за поврзување, транспорт и енергија е посветена на иднината и ќе даде шанса за развој не само на двете држави, туку и на Балканот и  цела Југоисточна Европа.

-Денеска во Софија и утре во Скопје работната група прави се за да им помогне на граѓаните на двете земји и нивната заедничка иднина, да им овозможи на економиите да бидат посилни и да имаме подобра и модерна  инфраструктура и да се реши енергетското поврзување, рече Бочварски.

Очекувам, дополни тој, дека ќе продолжиме и утре во Скопје да изнаоѓаме решенија за сите важни теми во секторот.

Министерот за локална самоупра Горан Милевски претходно изјави дека во Софија разговарал за уште посериозна прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, особено  помеѓу градоначалниците, општините и здруженијата во двете држави и отворањето на регионалниот граничен пункт Клепало, што е многу важно за луѓето од двете страни на граница.

-Мислам дека периодот што следува ќе биде продуктивен и ќе започнат активности за да се реализира отворањето на овој граничен пункт, рече Милевски.

Тој потсети дека во 2019 година беше потпишан меморандум меѓу двете министерства, но оти досега не е направено ништо. Се надевам, потенцираше, дека граѓаните на двете земји ќе ги искористат економските придобивки од она што ќе се постигне.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles