15.5 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Замрзна дел од Охридското езеро

Поради многу ниските температури кои деновиве достигнаа и до минус 12 степени, замрзнаа поплитките делови на Охридското езеро кај Охрид и Струга. Тоа може да се забележи и кај женската плажа во Струга, каде под мраз е крајбрежниот дел, а езерските птици го користат мразот за одмор.

Бидејќи станува збор за ретка појава, ваквата ситуација претставува атракција за граѓаните. Во 2017 и 2019 година исто така замрзнаа крајбрежните делови на езерото. Сепак, засега нема пишан запис дека Охридското езеро некогаш целосно замрзнало. Ако мразот остане долго време, биолозите велат дека може да нанесе штета врз крајбрежната флора и фауна.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles