17 C
Struga
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Законот за минимална плата ставен на собраниска седница 

Мартовските минимални плати ќе бидат повисоки за околу 50 евра. Почна собрансиката расправа за предлог законот според кој минималецот ќе изнесува 18.000 денари. Работодавачите кои нема да можат да исплатат повисоки плати, до крајот на годината ќе добиваат помош од државата.

– Државата ќе ја покрие разликата од 15,200 до 18,000 денари, за оние работодавачи кои нема да можат да исплатат повисока минимална плата. Тоа субвенционирање ќе биде во периодот од март до декември годинава, што значи државата ќе го покрие остатокот од скоро 1,200 денари, изјави Јованка Тренчевска, министер за труд и социјална политика.

Опозицијата ќе го поддржи законот, но велат дека, заедно со минималната, треба да растат сите останати плати. Жалат што ниту еден амандман со кој се предвидува скалесто зголемување не е прифатен. Со ваквиот начин, сметаат дека ќе се создаде една неправда, каде оние со поодговорна и посложена работа ќе земаат исти плати со најниско платените работници.

– Економ, домаќин, хаус мајстор или готвач ќе зема иста плата како наставник. Или помлад референт во градинка ќе зема иста плата како воспитувач, изјави Бојан Стојановски, ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека амандманите се отфлени, затоа што не се во склоп со овој закон. Тие се предмет на Колективните договори, а пораст на останатите плати секако ќе има.

Заонот е предложен по постигнатиот договор на социо-економскиот совет, заедно со Синдикатот и работодавачите. Повисока минимална плата треба да земат околу 80.000 работници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles