23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

ЕУ ја повика Русија: Веднаш да ја прекинете операцијата во Украина и да ги повлечете војниците

Европската унија ја повикува Русија веднаш да ги прекине воените операции во Украина и да ги повлече војниците, се вели во заедничката изјава на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Ја повикуваме Русија веднаш да ги прекине воените операции, да ја повлече својата војска од Украина и целосно да го почитува нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност“, се вели во соопштението.

Како што беше прецизирано, ваква „употреба на сила не треба да се случува во 21 век“.

Се наведува и дека лидерите на ЕУ ќе разговараат за нови мерки против Русија по почетокот на операцијата против Украина.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles