29 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Едно лице почина, евакуирани села и туристи – Грција се бори со пожари

Едно лице го загуби животот, пет села во близина на границата со Турција се евакуирани, како и туристи, по шумскиот пожар што избувна во префектурата Беотија, соопштија грчките власти. Притоа се додава дека пожарникарите и натаму се борат со пожари во останатите делови на земјата.

Во гаснењето на пожарот во Беотија, место на 100 километри северно од Атина, се ангажирани 56 пожарникари и четири канадери.

Нов пожар изби и на Евија, во чие гаснење учествуваат 42 пожарникари и четири канадери. Службата за цивилна заштита објави дека е издадено предупредување за екстгремен ризик од пожари во регионот на Атина и за уште четири други на југот на државата.

Високите температури и сушниот период, според метеоролозитеќ ќе траат до петок. Пожари и натаму се активни во североисточниот дел на Грција, во близина на пристаништниот град Александропулос.

Повредени се седум пожарникари и еден доброволец кои се хоспитализирани.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles