4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Европските лидери на вонреден самит во Брисел одлучуваат за нов пакет санкции за Русија

Нема голем оптимизам дека европските лидери ќе се договорат за евентуално ембарго на руска нафта. На дводневниот вонреден самит, што почна попладнево во Брисел, останаа поделбите околу ова прашање, но и околу нов пакет санкции за Русија.

НИКОГАШ НЕ БИЛО ЛЕСНО. ТАКА Е И СЕГА СО ШЕСТИОТ ПАКЕТ. КОМИСИЈАТА И ФРАНЦУСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО РАБОТЕА ИНТЕНЗИВНО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЗА ДА СЕ ПРИДВИЖИ НАПРЕД КОН ОВОЈ ПАКЕТ. СÈ УШТЕ НЕ СМЕ ТАМУ, НО ТРЕБА ДА СОЗРЕЕ. МОИТЕ ОЧЕКУВАЊА СЕ МАЛИ ДЕКА ЌЕ СЕ РЕШИ ВО СЛЕДНИТЕ 48 ЧАСА. НО, УБЕДЕНА СУМ ДЕКА ПОТОА ЌЕ ИМА МОЖНОСТ, ИЗЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН.

Унгарија заедно со Словачка, Чешка и Бугарија го предводи блокот европски земји кои се против предлогот на Европската комисија за евентуално ембарго на руската нафта.

Немаме компромис, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан пред почетокот на Самитот, а вината за тоа ја префрли на Европската комисија

Орбан ќе бара гаранција дека ако „нешто се случи“ со нафтата од нејзиниот нафтовод, да го задржи правото да добива нафта преку поморски и други рути.

ПОЗИЦИЈАТА НА УНГАРИЈА Е МНОГУ ЕДНОСТАВНА БИДЕЈЌИ ЕНЕРГИЈАТА Е СЕРИОЗНО ПРАШАЊЕ. ТОА НЕ Е ДЕТСКА ИГРА. ДА, СЕРИОЗНО Е. ЗНАЧИ, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ПРВО НИ ТРЕБААТ РЕШЕНИЈА, А ПОТОА САНКЦИИ. ДОСЕГА, КОН ПРВИТЕ ПЕТ ПАКЕТИ САНКЦИИ СЕ ПРИСТАПУВАШЕ НА ПОИНАКОВ НАЧИН. ПРВО ГИ НАПРАВИВМЕ САНКЦИИТЕ, А ПОТОА ПОЧНАВМЕ ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ И ДА БАРАМЕ РЕШЕНИЈА. НО, БИДЕЈЌИ ТОА Е ЕНЕРГИЈА, ТОА Е РИЗИЧНО, ТОА Е СЕРИОЗНО. ЗАТОА, МОРАМЕ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШИОТ ПРИСТАП – ПРВО РЕШЕНИЈА, А ПОТОА САНКЦИИ. ДОСЕГА ГО НЕМАМЕ РЕШЕНИЕТО, РЕЧЕ УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ВИКТОР ОРБАН.

На фронтот, русите се пред освојување на градот Северодоњецк кој е под жесток артилериски оган. Во градот нема гас, вода и електрична енергија, потврди гувернерот на регионот Луганск. Како резултат на руските напади на Северодоњецк, целата критична инфраструктура на овој град веќе беше уништена. 90 % од куќите се оштетени и над 2/3-тини од домовите во градот се целосно уништени. Нема комуникација во градот и има постојано гранатирање. Освојувањето на Северодоњецк е клучна задача за окупаторите и тие не се грижат со колку многу животи ќе го платат својот обид.

Додека се одржува самитот во Брисел, напорите за евакуација на цивилите во областа Луганск во источна Украина денеска беа прекинати откако оклопно возило беше погодено од шрапнел од руска граната, при што загина француски новинар.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles