6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Бројот на критично болни лица од корона вирусот е намален за 72 отсто во Кина во однос на врвот на епидемијата на почетокот на месецот, а бројот на починати за 79 отсто, објави денеска Центарот за контрола и превенција на болести.

Еден од водечките научници во земјата рече дека од 1,4 милијарди жители на Кина, 80 отсто биле заразени и дека не очекува голем бран на Ковид-19 во следните два до три месеци.

Во декември Кина нагло ја укина политиката на нулта ковид, по што се разгоре ширењето на заразата, која го достигна својот врв на 4 јануари со 128.000 нови инфекции, а на 23 јануари бројот падна на 36.000. Ширењето на Ковид-19 се случи по укинувањето на ограничувањата во пресрет на кинеската Нова година, кога Кинезите одат на масовни патувања низ земјата.

Смртните случаи го достигнаа врвот на 4 јануари со 4.273 смртни случаи, а до 23 јануари тој број се намали на 869. Посетите на болниците паднале за 96,2 отсто, од 2.867 милиони на 22 декември на 110.000 на 23 јануари.

Откако беше укината политиката на нулта ковид, властите во Кина на 12 јануари објавија дека починале речиси 60.000 луѓе.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles