18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

До недела учениците ќе знаат дали ќе се вратат во училница 

За два три дена Владата да даде конкретен предлог, а СОНК да го стави штрајкот во мирување. Ова го побара Владата по денешната средба со претставници на Синдикатот кој цела недела е во штрајк. Ниту Неделков ниту од Владата не соопштуваат дали е преговарано за конкретен процент за кој би се зголемиле платите, туку се разговарало за состојбите во државата и можностите во буџетот.

Од Владата со соопштение информираа дека деновиве ќе се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките. Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, стои во сооопштението.

Од друга страна, на терен, СОНК се жали на притисоци. Градинка во Ѓорче осамна ичкртана со написи СОНК убијци на деца. За градоначалникот е невиден вандализам и бара МВР итно да го најде сторителот.

Во училиштето Мирче Ацев во истата општина веќе се ангажираат и заменски наставници по сите предмети според список од АВРМ.

Претставникот на СОНК во ова уќилиште смета дека на овој начин, Владата се обидува да го скрши штрајкот.

СОНК е во штрајк од понеделникот. Бараат зголемување на платите за 18,4%.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles