24 C
Struga
Tuesday, July 23, 2024
spot_img

Директорот на Фајзер: Мислам дека ќе биде потребна вакцинација и со четврта доза

До март се очекува да биде готова вакцината која ќе штити од новиот сој омикрон.

Директорот на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла, истакна дека вакцинирањето со четвртата доза од вакцината против коронавирус може да се случи многу порано од очекуваното.

Тој во изјава за CNBC рече дека прелиминарните податоци од истражувањето покажуваат дека вакцината на Фајзер/Бионтек не обезбедува заштита од сојот омикрон.

Бурла го изјави ова откако Фајзер рече дека три дози од вакцината го зголемуваат имунитетот против новиот сој. Од Фајзер известуваат дека ќе направат вакцина која ќе биде ефикасна против сојот омикрон до март следната година.

„Ќе направиме истражување за тоа каков имунитет се добива со вакцинација со три дози и колку долго трае. Мислам дека ќе биде потребна вакцинација и со четврта доза. Меѓутоа, треба да почекаме малку. Можеби ќе треба да реагираме брзо“, рече директорот на компанијата Фајзер.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles