27 C
Struga
Monday, June 27, 2022
spot_img

Денеска прва реализација на дел од проектот „Отворен Балкан“

Денеска е направен првиот чекор од проектот „Отворен Балкан“. Македонија, Албанија и Србија повеќе нема да имаат гранични бариери во однос на безбедноста на храната, фитосанитарнатата и за ветеринарната заштита. Ова значи дека прехранбените производи кои од земјава се извезуваа во Албанија и во Србија требаше да бидат два пати анализирани во специјализирани лаборатории, односно една проверка во Македонија една во земјата каде е предвидено да заврши стоката. Сега, новите правила велат дека доволно е производот да помине само во една лабораторија бидејќи трите земји имаат усогласени лабораториски анализи. Ова ќе го забрза протокот на стока на границите, а најважно е дека квалитетот ќе остане ист. Овој договор беше потпишан во Тирана помеѓу трите земји. Размената на храна помеѓу Македонија, Србија и Албанија на годишно ниво тежи околку 420 милиони евра.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles