24 C
Struga
Tuesday, July 23, 2024
spot_img

Дали Омикрон е најава за крај на пандемијата?

140 починати пациенти само во 5 дена од февруари баш и не оди во прилог на претпоставките дека омикрон варијантата има поблаги симптоми и помала смртност. 

Според официјалните податоци, месец со најголема ковид смртност во Македонија е ланскиот април кога за 30 дена починале дури 1106 пациенти што е просечна бројка од речи си 37 починати на ден. 

Во септември делта варијантата повторно го зголеми бројот на починати. Во овој месец Институтот за јавно здравје бележеше нешто над 24 смртни случаи дневно па месецот заврши со вкупно 730 смртни случаи. 

Ако се водиме според податоците од јануари, омикрон варијантата предизвикуваше близу 15 смртни случаи дневно а месецот заврши со 449 смртни случаи. 

Но во Февруари работите значително се менуваат и во првите 5 дена просечната дневна смртност е 28 лица поради што Македонија изби на второ место во светот со најлоша ковид слика минатата недела и вкупно 6та земја со најголема смртност во светот од почетокот на пандемијата.

Епидемиолозите велат, има многу починати бидејќи има многу заразени.

Сепак Даниловски е оптимист и очекува омикрон да биде последниот бран на пандемијата иако како што вели, вирусот ќе циркулира со години.

Вакцинацијата е во тешка стагнација. До сега вакцинирани се нешто помалку над 840.000 лица а трета доза имаат близу 130 илјади.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles