-4 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

Груби: Ахмети има „план Б“ за почнување на преговорите со ЕУ

Ахмети има план Б за отпочнувањето на преговорите на Македонија со Европската Унија, изјави вчеравечер првиот вицепремиер Артан Груби во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според Груби, Ахмети има започнато иницијатива, што е доставена и во Бугарија, но и во другите земји на ЕУ.

Тој истакна дека се работи за ист случај како во 2008 година во Букурешт каде беше посочено дека во моментот кога ќе се реши прашањето со името, Македонија ќе стане дел од НАТО, како и што се случи.

-Истото, како план Б, сакаме да го реализираме и со Република Бугарија. Сите земји членки во Советот за општи работи на ЕУ, да одлучат дека првата меѓувладина конференција со РМ и Албанија ќе биде на ист датум, со услов да се реши билатералниот спор меѓу Скопје и Софија. Ако се реши спорот, автоматски ќе имаме прва меѓувладина средба со ЕУ, потенцира Груби.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles