28 C
Struga
Friday, July 26, 2024
spot_img

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со заменик министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Артемис Мало.

Како што информираат од Кабинетот на Груби, процесот на европската интеграција, реформите што се прават во земјава, вклучително и заедничкиот проевропски фронт, заедничките проекти меѓу двете земји, Коридорот 8, заедничкиот граничен премин, сувото пристаниште во Струга, како и 21 договори потпишани на заедничката меѓувладина средба биле дел од разговорот меѓу Груби и Мало.

Двајцата соговорници го истакнале значењето на стабилноста во регионот, одржувањето на компактноста на европскиот пат, како и целосната поддршка на развојните политики меѓу Македонија и Албанија.

Како што се наведува во соопштението, тие истакнале дека заедничкиот европски пат што го започнаа двете земји мора да се финализира со целосна интеграција во големото европско семејство.

Дел од разговорот меѓу Груби и Мало бил и спорот меѓу Република Косово и Република Србија кој беше оценет со тоа дека конечното решение преку меѓусебно признавање ќе донесе поголема безбедност и просперитет во Западен Балкан.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles