18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Градоначалникот на Мариупол: Борбите го отежнуваат спасувањето цивили затрупани под театарот

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, рече дека уличните борби во центарот на градот го отежнуваат спасувањето на стотиците луѓе заробени во подрумот на театарот што властите велат дека Русија го гранатирала во средата.

Бојченко рече дека спасувачките тимови можат да ги исчистат урнатините и да спасат луѓе само кога ќе има прекин на огнот.

„Има тенкови, артилериски оган и пукање од секакво оружје. Нашите сили прават се` што можат за да ги задржат позициите во градот, но непријателските сили за жал се побројни од нашите“, рече тој.

Тој не можел да процени уште колку луѓе успеале да ја напуштат областа во последните 24 часа.

Властите вчера соопштија дека 130 луѓе успеале да побегнат и дека повеќе од 1.000 луѓе се уште се во подрумот, кој го издржал гранатирањето.

Русија негира дека ја гранатирала зградата, која била означена како засолниште за цивили.

Бојченко, исто така, рече дека 40.000 луѓе успеале да го напуштат градот во последните пет дена и дека дополнителни 20.000 луѓе чекаат евакуација.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles