6.3 C
Struga
Saturday, April 20, 2024
spot_img

Германската министерка за одбрана во Одеса: Ќе ви испратиме ракетни системи, но не и тенкови 

Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт, која вчера ненајавено пристигна во Одеса, на својот украински колега Алексеј Резников му вети дека во Украина ќе испрати системи за противвоздушна одбрана IRIS-T SL, но не и тенкови“.

Како што пренесува Спутник, Ламбрехт ги прегледала германските противвоздушни пушки „гепард“ во пристаништето за жито во Одеса и на средбата со Резников најавила испорака на првата ветена единица на системот за воздушна одбрана IRIS-T SLM во наредните денови.

„Украина сега се соочува со неверојатно голем број воздушни напади, така што одбраната, вклучително и со веќе испорачаните дронови, е многу важна“, рече Ламбрехт.

Што се однесува до барањето на Украина за тенкови, таа јасно ставила до знаење дека Германија не може да го реши ова прашање без договор со партнерите во НАТО.

„Германија отсекогаш давала до знаење дека нема да дејствува сама во оваа област. Украина исто така е свесна дека секогаш ги координираме акциите со нашите партнери, како што беше случајот со самоодната хаубица што ја испорачавме заедно со Холандија“, рече. Ламбрехт.

Министерството за одбрана на Германија на Твитер ја потврди посетата на министерката на Одеса и средбата со Резников.

„Ќе ги поддржуваме нашите пријатели сѐ додека е потребно“, се вели во пораката на Твитер.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles