Градските власти на турскиот град Малатија речија да именуваат училиште со името „Македонија“ во знак на благодарност за помошта по земјотресите што ја погодија земјата и во кои загинаа илјадници лица.
Според најавите ќе започне со настава на 11 септември и ќе има 24 училници.
Како што соопштија од Стопанската комора на Македонија-Турција, училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу двата народи.
Училиштето е изградено со донацијата со која се изгради едно од стотината срушени училишта во овој реон.
„Македонија“ во Малатија е круна на сите активности кои беа преземени со цел да се помогне на турскиот народ по разорниот земјотрес што се случи на шести февруари годинава во Турција.