25 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Во САД повеќе од 900.000 луѓе починале од коронавирус

Пандемијата на коронавирус во САД надмина уште еден „црн” праг – вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 надмина 900.000.

Според податоците од федералните извештаи, вкупниот број Американци кои ги загубиле животите поради Ковид-19 од првиот случај на инфекција во почетокот на 2020 година до овој петок достигна најмалку 904.067, што е повеќе отколку што има жители државата Северерна Дакота, пренесува Си-Ен-Ен.

Така, САД бележат најголем број смртни случаи од коронавирус во светот, а потоа следат Русија, Бразил и Индија, кои заедно имаат повеќе од 1,8 милиони смртни случаи. Меѓутоа, кога се гледа бројот на смртни случаи од коронав рус по глава на жител, САД се на 20-то место, далеку под Перу и Русија, кои имаат најголем број на смртни случаи според тој критериум.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles