1.7 C
Struga
Tuesday, November 29, 2022
spot_img

Во Македонија има 300 бегалци од Украина, се бара нивен пристап до пазарот на трудот

Македонските граѓани покажуваат силна емпатија и солидарност кон бегалците од Украина кои се во земјава со многубројни донации.

Македонските граѓани покажуваат силна емпатија и солидарност кон бегалците од Украина кои се во земјава со многубројни донации, но сликата може да биде и многи подобра. Заменик-народниот правобранител Јован Андоновски алармира дека поради нерегулираниот статус овие лица не можат да се вработат, да најдат свое живеалиште а немаат ниту пристап до примарна здрваствена и образовна грижа.

Со билатерален договор помеѓу двете земји или со одлука на Влада можат да се решат овие егзистенцијални проблеми, вели Андоновски, но веќе три месеци од извршната власт добиваат само декларативни заложби.

„Со статусот кој што го имаат моментално кај нас лицата немаат можност да пристапат на пазарот на труд, односно не можат да дојдат до вработување. Државата, бидејќи веќе поминаа три месеци откако имаме бегалци од Украина во Македонија треба сериозно да пристапи на ова прашање и не само да се оди на варијанта на посета на Киев и фотографирање. Доколку имаат потреба, независно дали станува збор за мали деца или возрасни, од здравствена нега, тие се приморани да платат за услугата а како што спомнавме, голем дел од овие лица воопшто немаат ниту базични средства за живот.“Јован Андоновски, заменик народен правобранител.

Од почетокот на војната има 300 украински бегалци со службени потврди за престој во земјава, но неофицијалната бројка е над 1000. Од украинската амбасада во Македонија велат дека речиси сите престојуваат кај пријатели или роднини но тоа, како што додаваат, не е перманентно решение за достоен и мирен живот.

„Има семејства кои се наоѓаат во многу тешка состојба бидејќи имаат многу деца, по 4-5, има и стари луѓе на кои им е неопходна дополнителна грижа, дополнителна помош и се надеваме дека во скоро време ќе се решат овие прашања.“- Роман Буга, заменик амбасадор на Украина во Македонија.

Од 25 до 27 мај беше организирана нова акција за помош на украинските бегалци, насловена како „Денови на хуманост“, каде граѓаните донираа храна, облека, лекови и други неопходни средства. Предвидувањата се дека бегалскиот бран ќе продолжи и во текот на летово, па од Здружението на Украинци во земјава бараат оваа несебична помош да продолжи.

„Со овој хуманитарен настан ние ќе помогне на некој одреден дел на луѓе што се тука во Македонија, може нешто ќе се прати и за Украина и со тоа ние ќе имаме можност да им помогнеме на луѓето што секој ден се под стрес и во неволја како последица од војната.“- Олександар Урбановиќ, здружение на Украинци во Македонија.

Донации за украинските бегалци продолжуваат да се примаат и во магацинот во Ѓорче Петров и во сите пунктови на Црвениот крст.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles