6 C
Struga
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Вооружен маж уби шест, а повреди дваесет лица во училиште во централна Русија

Смртоносен напад ги вознемири граѓаните на Русија. Вооружен маж уби шест, а повреди дваесет лица во училиште во централна Русија.

Меѓу жртвите има ученици,а убиен е и чуварот во училиштето во градот Ижевск, јавуваат руските медиуми.

Инцидентот се случил во училиштето број 88, во кое има речиси 1.000 ученици и околу 80 наставници.

Вооружениот напаѓач наводно се самоубил, а мотивот за убиствата е нејасен. Училиштето е во центарот на Ижевск, град со околу 650.000 жители.

Според државниот пратеник цитиран од новинската агенција Тасс,напаѓачот, наводно, бил вооружен со два пиштола,

Полицијата ги истражува прочините за нападот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles