13 C
Struga
Monday, May 13, 2024
spot_img

Влада: Формирана Советодавна комисија за интервенции во снабдувањето на пазарот со сурова нафта 

Формирана Советодавна комисија за интервенции во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати.

Владата на Република Македонија на денешната редовна седница донесе Одлука за формирање на Советодавна комисија за спроведување на План за интервенции во случај на вонредно пореметување на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и/или нафтени деривати.

Како што информираат од владината прес-служба, Советодавната комисија за задачи има да иницира предлог за донесување на одлука за настанато вонредно пореметување во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати и прогласување на нафтена кризна состојба, да предлага мерки и одлуки за нормализација на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати, да предлага дополнителни мерки за нормализација на снабдувањето на пазарот, како и други работи согласно закон и Деловникот за работа кој треба да го усвои на првиот конститутивен состанок.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles