22 C
Struga
Saturday, August 13, 2022
spot_img

Владата утре ќе одлучува за цената на струјата

Владата утре ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски вели дека конечно успеале да ги склопат финансиските планови за домашното производство, но и колку пари ќе им требаат за реализирање на предвидените јавни набавки за 2022 нгодина. Ковачевски уверува дека наместо законски предвидените 60 отсто од потребната струја за домаќинствата, ЕСМ ќе ја обезбеди целата потребна енергија и нема да има потреба од увоз на скапа електрична енергија од берзите.

„Очекуваме во наредните денови, а можеби и веќе утре на затворена седница владата да донесе таква одлука, да препорача цена и веќе до девети декември додека трае отворениот повик на ЕВН Хоум, ние да доставиме официјална понуда“, рече директорот Ковачевски.

Од Владата не одговорија на прашањата на Алсат, што содржат доставените пресметки на ЕСМ и колкаво зголемување на цената на струјата ќе побара владата во име на државните електрани. Електричната енергија која до 31 декември ЕСМ ја наплатува од Универзалниот снабдувач а е наменета за домаќинствата изнесува 36 евра за мегаварт час. Првичните најави беа дека електричната енегија ќе поспаи за девет отсто, но можно е и повисоко зголемување на струјата по Нова година.

Проблемите со намаленото производство на струја од домашните капацитети и скапата електрична енергија која секојдневно руши рекорди на берзите по висината на цената, предизвика ЕСМ на трите тендери на ЕВН Хоум да не достави понуда. Во моментов хирдопотенцијалот е на многу ниско ниво, а термоелектарните работат со намален интензитет поради недостатокот на јаглен и мазут за производство на струја.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles