18 C
Struga
Friday, July 19, 2024
spot_img

Владата планира да заштеди 100 милиони евра од кратење плати, трошоци и штедење струја

Со кратење на финансиските привилегии, дневници, дежурства, дополнителни часови за празници за директорите и државните службеници кои земаат два до три пати поголеми плати од просечната, Владата има намера да заштеди 50 милиони евра. Со другата мерка за заштеда на струја и намалување на другите „неконтролирани“ трошоци на државните и јавните институции се очекува да се заштедат уште 50 милиони, тврди премиерот Ковачевски.

Надзор за евентуално пречекорување на платите во случаите каде што постојат колективни договори ќе има во здравствените установи, каде и директорите на клиниките се вклучени во дежурствата. Во овие случаи има сомнежи за злоупотреби, па платите на некои директори достигнуваат и над 5.000 евра. Премиерот рече дека ќе го отпушти секој директор што профитира од кризата и ќе го обврзе министерот за здравство да изврши увид кај сите раководители на јавни здравствени установи за намалување на платите.

„Како што сега преземаме мерки за заштеда на електрична енергија што важи за сите, корупцијата или начинот на материјална корист е тема што ќе се обработува за сите. За финансискиот аспект на јавните здравствени установи, одговорен е Фондот за здравствено осигурување, бидејќи тие финансираат. Министерството за здравство врши надзор над работата на сите институции како што се Инспекторатот и Фондот, така што ќе преземеме мерки“, рече министерот Беким Сали.

Според планот за фискална консолидација одобрен од Владата за намалување на трошоците во државните институции, намалувањето на платите ќе ги опфати вработените со договори на дело, како и на вработените во јавниот сектор со решенија кои имаат приходи повисоки од просечната плата, а не се продуктивни на работа. Дополнително околу 30 отсто од нив се очекува од почетокот на ноември да работат со систем на ротација.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles