26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Владата го продолжи рокот за постоење на кризна состојба со топлинска енергија до 30 април

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница, која што се одржа преку видео-конференциска врска, донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година.

Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles