-3 C
Struga
Tuesday, January 25, 2022
spot_img

Владата ги замрзна цените на дел од производите од датумот – 1 декември

Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи во трговијата на големо и мало. Цените на производите ќе останат како што беа на 1 декември годинава, како на големо, така и на мало. Оваа одлука ќе важи до 31 јануари догодина, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот го налага тоа.

Влада

„Со оваа одлука се утврдуваат највисоките цени во трговијата на големо и мало на основните прехранбени производи и тоа: лебот; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со содржина на маснотии од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и месни производи; сирење и урда.“

Во меѓувреме, некои експерти оваа одлука на Владата ја оценија како задоцнета, бидејќи според нив, замрзнувањето на цените требало да се случи пред да поскапат цените на производите. Од Пазарниот инспекторат информираат дека ќе ги зајакнат контролите. Наглото поскапување на храната започна со поскапувањето на маслото за јадење. Пред два месеца литар масло чинеше 50 денари, а сега надминува 100. Поскапување има речиси кај сите прехранбени производи. За 15 денари поскапо се продава килограм брашно, а за повеќе од 10 денари поскапе и млекото. Неколку пати во последните два месеца токму министерот за економија Крешник Бектеши велеше дека Владата ја следи состојбата со инфлацијата и оти не гледа причина да интервенира за да го спречи растот на цените. Во меѓувреме, некои земји од регионот веќе го сторија тоа и го запреа растот на цените на храната и средствата за лична хигиена, а во Хрватска замрзнати се и цените на горивата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles