18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Викендов нестабилно со пообилни врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре попладне најпрво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската котлина во вечерните и ноќните часови времето ќе биде облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Минимална температура ќе се движи од четири до 17, а максималната од 16 до 26 степени.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles